.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Коцијанчич: ДИК и судовите да работат непречено без притисок и политичко влијание

Коцијанчич: ДИК и судовите да работат непречено без притисок и политичко влијание

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, во изјава за МИА, денеска побара во име на официјален Брисел Државната изборна комисија (ДИК) и судовите да се остават да работат непречено, без притисок и политичко влијание.

– ЕК ги забележа прелиминарните резултати на изборите, како и резултатите од жалбите и сега го очекува исходот од процесот на жалби. На релевантните национални власти, вклучително и ДИК и судовите, треба да им биде дозволено да работат непречено, без притисок и политичко влијание. Ние сме многу загрижени поради тензиите во текот на последните денови и зголемувањето на негативната реторика. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да се однесуваат одговорно, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и во демократските процеси, порача Коцијанчич.

Во продолжение на пораката од неформалната Влада на Еворпската унија, Маја Коцијанчич го повтори делот од веќе познатото соопштение на потпретседателката на ЕК, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дадено ден по предвремените парламентарни избори во Македонија:

– Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата Влада и спроведување на реформите за решавање на системското владеење на правото, исто како и на Итните реформски приоритети, како и повикуваме на континуираната имплементација на претходните политички договори. Комисијата ќе продолжи со поддршката на земјата во процесот на европската интеграција, заврши гласноговорничката на ЕК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*