Home / Вести / Ковачевски: Блок 1 во РЕК „Битола“ ќе стане гасна електрана до 2024 година

Ковачевски: Блок 1 во РЕК „Битола“ ќе стане гасна електрана до 2024 година

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ посочи дека компанијата планира до 2026 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК „Битола“, кој работи на јаглен, и да го замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 мегавати која ќе се користи и за топлификација на Битола, додека другите два блока да се модернизираат и тоа до 2023 година со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година и со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе им се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските стандарди.

Ковачевски потсети дека се планира целосно затворање на ТЕЦ „Осломеј“ и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 мегавати, кој проект веќе се гради на терен, додека планот на државата е претворање на ТЕЦ „Неготино“ (која не е во рамките на АД ЕСМ) во гасна електрана. Што се однесува до ветерните електрани, Ковачевски соопшти дека се зголемува капацитетот на ветерниот парк Богданци, како и планирана инвестиција во ветерен парк во Миравци, додека фотоволтаични (соларни) електрани ќе се градат во близина на сите постоечки производни објекти на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*