Home / Вести / Ковидот 19 ја совлада и легендата на битолскиот фудбал Тарзанот

Ковидот 19 ја совлада и легендата на битолскиот фудбал Тарзанот

                  

                   Синоќа во Битола на  70 годишна возраст почина еден од најголемите голмани во историјата на фудбалскит клуб Пелистер од Битола, како и македонскиот фудбал – Томе Димитровски – Тарзано.

Како причина за смртта според зборовите на неговите најблиски  е  ковид-19.

Љубителите на фудбалот  во  Битола и сите генерации “пелистерци“ Тарзано ќе го паметат како еден од најдобрите  голмани, кој покрај за Пелистер  бранеше и за  екипата на Раднички Ниш во Првата лига на екс Југославија. во далечната 1971 година.

Популарниот  Тарзан, кој го доби надимакот за неговите бестрашни одбрани во дресот на Пелистер дебитираше во 1968 година.

Тој за Пелистер  бранеше скоро до 40-годишна возраст. Потоа  ја почна  својата тренерска кариера. Под негово раководство Пелистер го постигна својот најголем успех со пласманот во Единствената Втора фудбалска лига.

Долги години Томе Димитрвски – Тарзанот му беше помошник на Ѓоко Хаџиевски.

Томе Димитровски ќе биде поребан денеска  во кругот на своето најтесно семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*