Home / Вести / Кривични пријави за 11 лица

Кривични пријави за 11 лица

Полицијата поднесе кривични пријави против 11 лица кои не ги почитувале препораките за епидемијата на коронавирус. Битолската полиција кривична пријава против З.Т.(43), Т.Т.(41), Е.Т.(18) од Битола и М.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14 март З.Т. влегол во земјава преку Грција, заедно со М.А и Е.Т. кои доаѓале од Италија, поради што сите потпишале изјава за самоизолација од 14 дена и примиле писмена наредба од Министерството за здравство. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници пријавените, заедно со Т.Т., биле затекнати надвор од домот, односно не се придржувале до изречените мерки од Министерство за здравство.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Х.С.(32) од Прилеп, кој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин „Деве Баир“, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирус и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом во с. Големо Коњари.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп кој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.„Пере Тошев“.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Л.(24) од с.Житоше, општина Долненикој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, не бил пронајден во неговиот дом.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.В.(42) од с.Возарци, Кавадаречко кој на 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(45) од с.Сирково, општина Росоман. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не бил пронајден дома.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Н.(47) од с.Сопот. На 18.03.2020 во с.Сопот, при проверка од полициски службеници во домот на пријавениот, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на мерките.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од с. Звегор, Делчевско, кој на 17.03.2020 во 04.20 часот на Граничен премин „Деве Баир”, допатувал од Словенија. При проверка во неговиот дом во селото Звегор, полицијата не го пронашла дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*