.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Ламбе Алабаковски го потпалил културниот центар “ Ванчо Михајлов “

Ламбе Алабаковски го потпалил културниот центар “ Ванчо Михајлов “

            Од СВР Битола информираат дека на денес од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.

– Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик – информираат од СВР Битола.

Извори во МВР потврдија дека станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски.

Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил информираше дека кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, веќе расчистен и има приведено лице кое го признало делото.

Центарот „Ванчо Михајлов” пред три дена во Битола објави дека се опожарени нивните простории и дека очекуваат од институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*