Home / Uncategorized / Лажни вести на ДПМНЕ за мигрантите

Лажни вести на ДПМНЕ за мигрантите

Денешната прес конференција   е   за   кандидатот   за   градоначалник-пратеникот Зоран Илиоски и раководството на ДПМНЕ. Потенцираме, за пратеникот и раководството на ДПМНЕ, но не и нивните членови, бидејќи тие, како и сите ние во Битола, не веруваат во лажните вести за мигранти

Применувајќи ја својата добро позната стратегија народот да го држат во страв и неизвесност продолжуваат и сега. Па така оние, кои 15.000 наши сограѓани и повеќе од 500.000 сонародници ги направија емигранти низ целиот свет,се дрзнуваат да зборуваат за некакви си кампови и населби за бегалци, па уште ќе организирале и референдум.

Господа од ДПМНЕ, Мигранти нема да има, ниту пак изградба на кампови  и станови за нив. Од кога почна бегалската криза низ Македонија имаат поминато преку 1 милион бегалци, а од нив останале на привремен престој во неа само 15. Овај податок многу добро го знаат и во ДПМНЕ, но познавајќи го нивниот метод на манипулација наредно се очекува да органзираат и референдум за марсовци.

Почитувани од ДПМНЕ – не лажете. Бидејќи познато е тој што лаже и краде  потоа го транспортираат! Помина времето на замајување на јавноста со невистини, шпекулации  и лажни ветувања.

Битола беше конзулски град кој тандемот Илиоски – Талески го претвори во сиромашна сенка на едно минато време. Затоа ние со ваша помош почитувани битолчани ќе се избориме за достоинствен живот за секое семејство и со заокружување на бројот 19 заедно ќе го вратиме сјајот на нашиот град, истакна на прес конференцијата портпаролот на СДСМ и кандидат за советник, Борче Корлевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*