Home / Политика / ЛДП бара наместо да ги казнува лекарите, директорот да се казни самиот себе

ЛДП бара наместо да ги казнува лекарите, директорот да се казни самиот себе

-ЛДП пред четири дена го обелодени скандалот со немањето реагенси на нуклеарна медицина во Клиничката болница во Битола. Укажавме дека е загрозено здравјето на многу пациенти од целиот регион поради неможноста да се извршуваат навремени прегледи. Како и секогаш пристигна демант дека манипулираме и дека тие се безгрешни.  Им требаа два дена да се соземат, да најдат виновник и да излезат на прес со кој потврдуваат дека нашите информации се точни, дека реагенси нема, но дека за тоа биле виновни докторите кои вршеле многу прегледи- изјави на денешната прес-конференција, Горан Милевски од битолската ЛДП.
Побара директорот на битолската болница да се самоказни, наместо како што рече да ги казнува докторите кои што совесно работеле.
– Вие треба самиот да се казните бидејќи сте извршиле лоша проценка на годишните потреби на реагенси во Клиничката болница. Треба да се самоказни и министерот затоа што ве назначил Вас за директор. Треба да си заминете од функцијата затоа што се обидовте да ја сокриете вистината и вината за лошата состојба во битолското здравство да ја префрлите на докторите- побара Милевски.
Преку проектот “мој термин“, докторите се принудени да прегледуваат и по 20 пациенти на ден а до колку не го исполнат бараниот учинок ќе добијат намалена плата и казна.

-И наместо да ги наградите оние кои најмногу работеле вие повторно им се заканувате со казни затоа што со нивната зголемена работа ви ги потрошиле реагенсите. Се прашуваме зошто сте го оставиле одделението како што кажувате од шести месец без реагенси. Зошто не сте извршиле интервентна набавка на нови реагенси овој период- обвини денеска на прес со новинарите, Горан Милевски од ЛДП.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*