Don't Miss
Home / Вести / Левица бара платата да се исплаќа најдоцна до петти во месецот

Левица бара платата да се исплаќа најдоцна до петти во месецот

Пратениците од Левица поднесоа предлог во Собарнието за измена на Законот за работни односи, со цел, исплата на платите до петти во месецот, наместо до петнаестти-како што е сега, изјави пратеникот и портпарол на партијата, Амар Мециновиќ.

Предлог-законот доаѓа како резултат на реалната економска состојба на работниците во Македонија и има за цел да обезбеди навремена и правична исплата на платите. Да обезбеди финансиска сигурност на работниците, бидејќи во многу домаќинства платата е единствениот доход на семејствата, а моменталната пракса на исплата на платите до петнаестти во месецот, предизвикува финансиска нестабилност и задоцнети плаќања на режиските трошоци“, изјави Мециновиќ.

Тој нагласи дека поради доцнењето на платата, многу работници се принудени да земаат брзи кредити, дозволени минуси, позајмици со високи камати и ова, дополнително ја влошува нивната финансиска состојба.

Понатаму, оваа измена е и со цел на намалување на економската нееднаквост- има работници коишто платата ја добиваат на почетокот на месецот, додека мноштвото ги добива платите дури на петнаестти. Оваа измена е согласно европските стандарди – во многу држави, платите се исплаќаат веќе до крајот на тековниот месец и максимално до првите денови на наредниот месец“ порача Мециновиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*