Home / Uncategorized / Ликовна честитка за Општина Карпош

Ликовна честитка за Општина Карпош

Основците од  Карпош на специфичен начин и го честитаа 41. роденден на Општината (3. ноември), приредувајќи ликовен хепенинг и изложба на уметнички творби во Кинотеката на Македонија. Оваа манифестација ја организира Детскиот ликовен центар, под покровителство на локалната самоуправа. Околу дваесетина ученици од сите основни училишта од Карпош, денеска ги истакнаа своите уметнички креации кои ги изработија во акрилна техника и темперни бои.

По тој повод градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, им се заблагодари на младите уметници и им додели дипломи за учество. Во оваа пригода првиот човек на Општината доби благодарница  за поддршка на уметноста, која локалната самоуправа   континуирано ја обезбедува за своите основци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*