Home / Политика / Лилјана Кузмановска: Ќе продолжи соработката со невладините организации

Лилјана Кузмановска: Ќе продолжи соработката со невладините организации

Кандидатките за пратенички во Петтата изборна единица на Коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и Олга Лозановска, викендов во Битола остварија средби со претставнички на невладините и граѓански организации од Битола,  со кои во изминатиот период можат да се пофалат дека имаат одлична соработка и голем број од нивните идеи и планови за работа биле профатени од владејачкото мнозинство.

Таквата исклучителна соработка ќе продолжи и понатаму, истакнаа кандидатките за пратенички во Изборната единица 5 на Коалицијата “За подобра Македонија”, Олга Лозановска и Лилјана Кузмановска.

-Со невладините организации и со граѓанскиот сектор во Битола,  во континуитет имаме одлична заедничка соработка. Особено со невладините организации чиј фокус на работа се жените од сите аспекти на граѓанскиот сектор. Соработката со нив е важна, бидејќи тие го пренесуваат гласот на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги помага иницираните проекти, а во оваа прилика би ги спомнала женското претприемништво, проектите за намалување на семејното насилство итн. Таа соработка ќе продолжи во иднина- вети пред многубројните присутни на средбата во Битола, Лилјана Кузмановска, кандидатка за пратеник на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица.

Заедничката плодна соработка ја потврдија од граѓанските здруженија кои работат во Битола.

-Како Здужение на граѓани сме иницирале многу идеи кои беа прифатени но и реализирани. Конкретно во делот на семејното насилство и во наредниот период ќе се заложиме и ќе соработуваме со сите надлежни институции- истакна Ѕала Бојкоска, претседател  на Здружението “Семпер” од Битола.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*