Home / Култура / “Локум фест“ ја заживува Старата битолска чаршија

“Локум фест“ ја заживува Старата битолска чаршија

Утревечер во Битола, во рамки на најдолгото и најбогато со културни настани Битолско културно лето “Битфест 2015“ ќе се одржи деветтото издание на “Локум фест“ традиционална манифестација Што се одржува во Битола во организација Центарот за културна деконтаминација.

„Локум фест” во изминативе години израсна во манифестација чија главна цел е заживување на Старата битолска чаршија.

lokum fest 4 lokum fest 7
Утревечер, на свеченото отворање на Фестивалот, битолчани ќе имаат можност да уживаат во музиката на велешките чалгии.
-Во деветто издание на „Локум фест” акцент ставивме на македонската чалгија и фестивалот в петок ќе го отворат велешките чалгии. Исто така ќе има изложба на стари инструменти бидејќи традиција на овој фестивал е се она што е културно наследство на нашиот град, односно граѓаните се она што го имаат во домовите да го изнесат на виделина со цел да се раскажи приказната за Битола- изјави организаторот на “Локум фест“, Тодор Ивановски.

lokum fest 2 

lokum fest 6

Програмата на овогодинешното издание на „Локум фест” ќе ја збогати македонската легенда, познатата македонска пејачка, битолчанката Виолета Томовска, која ќе настапи в сабота заедно со групата “Ѓердан“.
-Верувам дека во овој амбиент на старата чаршија „Локум фест” ќе биде прекрасен оваа година. Јас лично сум многу среќна што настапувам втората вечер заедно со групата “Ѓердан“. Поканата ја прифатив веднаш затоа што се работи за мојот град, за традицијата, за да се навратам во детството со локумот затоа што до ден денес моите блиски кои доаѓаат во Скопје им нарачувам да ми донесат локум- истакна музичката легенда, Виолета Томовска.
Деветто издание на “Локум фест“  ќе се реализира во склоп на “Битфест 2015“ со поддршка на Општина Битола, кој воедно и е дел од политиката на општината за поддршка на независна културна сцена.

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*