Home / Култура / Љупчо Георгиевски режира во Прилеп

Љупчо Георгиевски режира во Прилеп

Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, е новата претстава што се подготвува во театарот „Војдан Чернодрински“, чија премиера ќе биде на крајот на април.

Првпат во драмска форма текстот е изведен во 1982 година во Битолскиот театар, во режија на Владимир Милчин, што значи по повеќе од 35 години се става на сцена, овој пат со прилепскиот театар.

– Петре М. Андреевски не сум го работел, за жал, досега, но за среќа во мои зрели години се навраќам на него. Да се поставува Петре М. Андреевски секогаш има повод. Тој е голема инспирација и за мене како режисер и за сите соработници, но и за актерскиот ансамбл. Велам голема инспирација затоа што Петре навлегува длабоко во судбината на овој народ, длабоко продира во неговата душа, и имам впечаток кога човек ги говори неговите зборови како да ги корне сопствнеите зборови од длабочината на сопствената душа.

 Во претставата ќе игра речиси целиот ансамбл на театарот, неколкумина пензионери, млади актери и гости. Сценографија ја работи Валентин Светозарев, костимите Андреј Ѓоргиевски, а автор на музиката е Димитар Андонов.

Претставата „Пиреј“финаниски е поддржана од Министерството за култура во програмата за работа за 2018 година на ЦК „Марко Цепенков“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*