Home / Вести / Македонија и Битола бележат рекорди по бројот на заразени и починати

Македонија и Битола бележат рекорди по бројот на заразени и починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 383 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.648 тестирања, а најголем број случаи се потврдени во Скопје – 201, Штип – 21, Прилеп и Струмица – 20.

Во Куманово 11, Тетово 8, Струга 5, Велес 9, Битола 12, Охрид 4, Кавадарци 7, Гостивар 6, Гевгелија 8, Крива Паланка 6, Радовиш 7,Кочани 7,Пробиштип 3, Берово 5, Валандово 4, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 5, Кичево 4, Ресен 2 и Неготино 3.

Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од:
– Скопје 43
– Куманово 6
– Штип 3
– Тетово 10
– Битола 2
– Охрид 2
– Кавадарци 1
– Гевгелија 3
– Струмица 1
– Крива Паланка 3
– Радовиш 4
– Кочани 8
– Берово 2
– Валандово 3
– Свети Николе 2
– Кичево 2

Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*