Home / Uncategorized / Македонска етно венчавка во Новаци

Македонска етно венчавка во Новаци

Во Општина Новаци по вторпат се одржа манифестацијата “Македонска етно венчавка“.

Оваа година зет и невеста беа 55 годишниот Љубе Самарџески и 50 годишната Роза Самарџиеска од Битола.

Тие во брак се 30 години и по толку време одлучија да стапат и во црковен брак, проследен со сите обичаи и адети кои ги има  во Новаци.

10082015102925_novaci3

– Многу сум возбуден. Во брак сме 30 години, ама  дури сега одлучивме да се венчаме и во црква. Радосен сум што сум денеска дел од оваа манифестација во Новаци – рече зетот  Љубе Самарџески.

Манифестацијата „Македонска етно  венчавка“ се одржа  под покровителство на општината Новаци, а организатор беше центарот за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден” од Битола.

10082015102914_novaci1

– Оваа година имавме пријавено само една брачна двојка и планираме така да биде и во иднина, нешто слично како и  на Галичката свадба. Минатите години  на венчавките имавме  повеќе брачни двојки, но беше малку потешко да се организира сето тоа. Инаку, ова е шеста по ред ваква венчавка која ја организираме. Претходно организиравме вакви пет  настани во Битола. Но подоцна манифестацијата ја префрливме во Новаци, бидејќи градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски истата безрезервно ја поддржа – потенцираше Александар Тодороски, од Центарот за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден”.

-Оваа манифестација секоја година привлекува голем број гости од  општината Новаци  како и соседните градови и полека станува вистинска туристичка атракција. Ние и понатаму ќе ја одржуваме традицијата и ќе го организираме овој настан- истакна Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

Инаку, „Македонската  етно  венчавка“ во Новаци се одржа за време на викендот.

Во саботата, беа направени традиционалните обичаи со канење на кумот, а вчера се продолжи со канење на деверот, бричење на зетот, и земање на невестата, која беше сместена во куќата на градоначалникот на Новаци Лазар  Котевски, кој сега беше во замена на нејзин татко и ја даде нејзината рака на сватовите. Младоженците црковните обреди околу нивното венчавање ги направија во црквата „Св. Атанасиј” во Новаци.

Македонската етно венчавка беше отворена со традиционалните обичаи и обреди од мариовскиот крај, односно месење тесто-погача, плетење цветни венци, китење на бајракот, торбите и картата за вино.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*