Home / Uncategorized / Меморандум за соработка на Агенцијата за безбедност со Универзитетот во Битола

Меморандум за соработка на Агенцијата за безбедност со Универзитетот во Битола

           

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и директорот на Агенцијата за национална безбедност, д-р Виктор Димовски, потпишаа Меморандум за соработка. Овој чин претставува потврда на заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри.

Документот предвидува соработка за размена на искуства и знаења, но и едукација во повеќе области од заеднички интерес, како што се: практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани. Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*