Home / Македонија / Менде Младеновски прогласен за дописник на годината од ЗНМ

Менде Младеновски прогласен за дописник на годината од ЗНМ

Вечерва во клубот на новинари, при одбележувањето на 69 години постоење, Комисијата за награди ги додели двете годишни награди на добитниците за 2014 година.

За едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите награден  е новинарот  Менде Младеновски, дописник на дневниот весник “Нова Македонија“ и директор на Битолски весник.

Младеновски е награден за серијата текстови за Клиничката болница во Битола, поврзани со пациентот Јорго Ангеловски, кој почина поради несоодветна терапија што ја добил во службата за ургентна медицина, кога наместо инфузиски раствор, како терапија за прочистување му било дадено средство за дезинфекција.

Наградата на Младеновски му ја врачи професорот Томе Груевски.

Беа наградени и новинарите Сашка Цветковска, Владо Апостолов и Мери Јордановска.

Добитник на наградата „Крсте Мисирков“ за животно дело е новинарот Ерол Ризаов.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*