Home / Спорт / Метлата заигра во ФК Пелистер

Метлата заигра во ФК Пелистер

Крајот на фудбалската сезона значеше и дефинитивен крај на играњето за фудбалскиот клуб Пелистер за голем број фудбалери.

Новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски одлучи да направи целосен ремонт во клубот.

Во договор со Хаџиевски, Управата на клубот одлучи да им се заблагодари на услугите дури на девет  фудбалери, од кои најголемиот број беа стандардни првотимци.
Така,  во идната сезона дресот на Пелистер нема да го носат Благојче Главевски, Димче Ристевски, Тони Магловски, Дејан Велевски, како и фудбалерот Благојче Марковски, на кој по истекот на договорот не му е понуден нов договор.
Ако се знае дека претходно Пелистер го напуштија Владица Брдаровски, Кирил Динчев, Бошко Ступиќ и Горан Ганчев, тогаш станува јасно дека стручниот штаб му се заблагодари на речиси еден комплетен тим.
Додека сега се знае кои фудбалери го напуштија Пелистер, засега сеуште не се знае кои нови играчи ќе му пристапат на Пелистер во преодниот рок, но според добро информирани извори нотесот на Хаџиевски бил преполн со потенцијални кандидати, кои треба да го облечат дресот на Пелистер во пролетниот дел од првенството.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*