Home / Вести / Мијалков (по)нуди 11 милиони евра да се брани од слобода

Мијалков (по)нуди 11 милиони евра да се брани од слобода

Сашо Мијалков понуди безмалку 11 милиони евра во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Ова е прва толку голема сума што е понудена до сега во Обвинителството како гаранција дека ако обвинет излезе од притвор, нема да бега.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“, велат од Обвинителството. 

Кривичниот совет при Основниот суд во Скопје треба да донесе одлука дали ќе дозволи Мијалков да излезе од притвор и да се брани од слобода. 

Ако излезе да се брани од слобода и потоа побегне, се што му е понудено како гаранција го губи и останува во сопственот на државата. 

Мијалков во моментов има вкупна затворска казна од 20 години за два предмети, но ниту едната, ниту другата не се на сила.

Поранешниот прв човек на УБК, во моментов е во Истражниот затвор во Шутка каде ја издржува мерката притвор која што му е определена по изречените пресуди, прво за „Тврдина-Таргет”, па потоа и за „Трезор”.

Ако гаранцијата биде прифатена, тоа значи дека Мијалков ќе излезе од притвор и ќе биде на слобода до правосилност на одлуките.

Сашо Мијалков во февруари годинава доби 12 години затвор во случајот „Таргет-Тврдина”, ( 5 години се за злосторничко здружување, 5 за злоупотреба на службената положба и овластување и 3 за примање награда за противзаконито влијание).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*