Министерката за енергетика рударство и минерални суровини
Сања Божиновска ја посети ИГМ Вратница АД – лиценцирана компанија за експлоатација на минерални суровини, што инвестира во модернизација, автоматизација и енергетска ефикасност.
Новата опрема ќе значи подобро искористување на ресурсите и помало влијание врз животната средина. Ова е вистинскиот пристап – развој што оди рака под рака со одговорност!
Разговарав со вработените и лично се уверив во условите за работа и во плановите за развој..
Првпат ќе користат државни поволни финансиски средства од унгарскиот кредит – по децении самостојни инвестиции со неповолни кредити. Оваа поддршка ќе им помогне да го забрзаат растот и да отворат нови работни места, особено за младите.
Мојот став е јасен – секоја компанија мора да работи законски, транспарентно и со највисоки еколошки стандарди. Државата ќе продолжи со контроли, но и со поддршка за оние што вложуваат одговорно-напиша на официјалниот Фејсбук профил министерката за енергетика рударство и минерални суровини Сања Божиновска.