Home / Вести / Министерката Шахпаска на средба со битолските пензионери

Министерката Шахпаска на средба со битолските пензионери

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со градоначалничката Наташа Петровска, денеска  претстојуваа во Здружението на пензионери во Битола.

Од страна на претседателката на пензионерите  Даница Петличкова беа информирани за активностите што ова Здружение ги спроведува меѓу своите членови.

Тие посебно се задржаа на изработката на социјалната карта за осознавање на материјално и здравствената состојба на пензионерите, а градоначалничката Петровска информираше дека се завршени процедурите во неколку месни заедници да бидат прилагодени простории за активност на пензионерите.

        Министерката Шахпаска зборуваше за целосно вакцинирање на пензионерите од Ковид 19 за да можат тие да бидат здравствено заштитени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*