Home / Вести / Младиот Михаил Димитровски најмлад новинар од Македонија на спортскиот мега проект “Фудбал за пријателство“,

Младиот Михаил Димитровски најмлад новинар од Македонија на спортскиот мега проект “Фудбал за пријателство“,

          Деновиве со голем онлајн настан, во кој учествуваа тимови на сите земји-учеснички и нивните родители, Организациониот комитет на Газпром “Фудбал за пријателство“, деновиве свечено го отвори мега проектот “Фудбал за пријателство “ во кој свој тим од Македонија има Битола, предводен од тренерот на ОФК Битола, Сашо Илиевски.

 Оваа година, на покана на Организациониот комитет, екипата на ОФК – Битола, на чело со тренерот, ментор, Сашо Илиевски, по втор пат е претставник на Македонија на ова најпрестижно, спортско-социјално случување за младите  во светот.

Во македонскиот тим, покрај фудбалскиот тренер Сашо Илиевски, се и двата млади фудбалери на ОФК Битола, Милан Христовски и Душко Вршкоски, кои ќе се обидат да демонстрираат пред светот спортски квалитет, додека, младиот Михаил Димитровски, кој неодамна влезе во својата 11. година е најмладиот новинар, амбасадор на пријателство, кој како специјален “известувач“ известува за овој Меѓународен настан од детскиот  прес центар.

Учеството на малиот Михаил Димитровски, кој е ученик во шесто одделение во ОУ “Климент Охридски“ во Битола на овој голем меѓународен онлајн спортски настан е негово прво “крштевање“ како новинар на една меѓународна спортска манифестација.

Благодарејќи на неговото извонредно познавање на англискиот јазик, кој го изучуваше од својата 3 година, малиот Михаил одлично се снајде во улогата на млад новинар.

Деновиве тој стекна голем број свои млади новинари пријатели од цел свет.

На овој голем спортски онлајн настан младите новинари кои ги следат случувањата на спортскиот настан, на бројните работилници кои се одржуваат секој ден, учат како се прават спортски извештаи, интервјуа, репортажи, како се снимаат видео прилози…а заеднички сите учесници од сите репрезентации имаа можност да учествуваат во освојување на Гинисовиот рекорд за заедничко спортско дружење.

Тие имаа можност на отворањето да се запознаат со фудбалската легенда на Реал Мадрид и  репрезентацијата на Бразил, Роберто Карлос, кој игрите ги прогласи за отворени и да му постават прашања на фудбалската ѕвезда.

Иако засега е се уште рано да се каже дали младиот Михаил ќе се определи за новинарството, или за неговата огромна љубов од мали нозе, информатиката, сепак ако се оди од поговорката дека “крушата под круша паѓа“, големи се шансите Михаил да заплива во новинарските води, бидејќи новинарската професија е семејна традиција во неговиот дом.

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*