Home / Градска хроника / Многу активности на Младинската организација на Економското училиште “Јане Сандански“

Многу активности на Младинската организација на Економското училиште “Јане Сандански“

Младинската Организација е ученичка организација составена од ученици во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола  која се залага гласот на учениците да биде слушнат. Главни цели на Младинската организација e пред се  ученичкиот активизам,  вон-наставни активности.

Во рамките на Младинската организација функционира Собрание како и Совет на Младинската организација.

Во изминатиот период Младинската организација реализира многубројни активности за учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.

Минатата учебна година членовите на Младинската организација изготвија документарен филм по повод 91 година постоење на средното економско училиште во Битола, а за прв пат беше издаден и училишен весник „Аманет“.

Оваа година Младинската организација на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола се приклучи кон проектот „Средношколско организирање и учество“ на Младински образовен форум од Скопје.

Во рамките на овој проект изминатиот период се одржаа многубројни обуки за членовите на Младинската организација од претставници од Младинскиот образовен форум од Скопје.

martin

Младинската организација беше организатор на хуманитарна средношколска забава со кои што средствата од забавата беа донирани за битолчанецот Томе Кириази.

По повод новогодишните празници беше организирана хуманитарна акција како и работилници и собраните средства и новогодишните честитки беа донирани во Куќичката на Дедо Мраз како и во ЗРОСГ „Кочо Рацин“ – Битола.

-Сметам дека секое учество на младите во било какви активности кои се наменети токму за нив е добро затоа што со тоа младите се стекнуваат со нови вештини и знаења кои понатаму би можеле да му користат во животот, а со тоа се промовира и младинското учество- вели Мартин Николовски, координатор на Младинската организација.

Николовски додава дека нивната Младинска организација е една од најактивните во средните училишта во Битола, и дека секој ден се повеќе ученици сакаат да бидат дел од неа.

martin 2

Како завршна активност, денес членовите на Младинската организација на плоштадот “Магнолија“ делеа промотивни материјали на битолската јавност, за подобро да се запознаат со нивната работа и цели, а исто така упатија и честитки по повод претстојните празници.
Нивните активности кои им се предвидени во програмата за работа, постојано се зголемуваат и надополнуваат со нови активности и проекти на иницијатива на учениците кои ќе бидат реализирани во второто полугодие од учебната година – додаваат од Младинската организација.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*