Home / Uncategorized / Мотивација на младите во Битола, дел од проектот „Младинско граѓанско образование”

Мотивација на младите во Битола, дел од проектот „Младинско граѓанско образование”

Националниот младински совет на Македонија во склоп на проектот „Младинско граѓанско образование” организираше 40 обуки со различни групи низ целата држава.

Секоја обука создаде локален иницијативен тим кој планираше иницијатива на локално ниво по нивен избор во областа на граѓански активизам, младински политики, младински права и слично.

Преку овие тимови, младите се мотивираат да работат на одреден проблем кој го имаат и развиваат локална иницијатива за решавање на тој проблем.

Една од нив, со цел мотивирање на младите Битолчани и излез од зафатената апатија ќе се одржи петок, 14.11.2014та година со почеток во 20:30 часот во просториите на Младински културен центар – Битола.

Настанот вклучува интерактивна работилница и свирка на бендот „Мазно, ама не е” составен од млади битолчани.

-Целта на овој настан е зголемување на свеста кај младите Битолчани за потребата и придобивките од нивно активирање во општествените процеси и граѓанскиот сектор на локално, регионално и национално ниво- информираат реализаторите на проектот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*