.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Музичарот Горан Јосифовски загина во сообраќајна несреќа

Музичарот Горан Јосифовски загина во сообраќајна несреќа

Музичарот од Битола, Горан Јосифовски (36), денеска рано изутрина загина во тешка сообраќајна несреќа.

Според неофицијални информации, Јосифовски со патничко возило „комбе“ излетал од патот Битола – Прилеп. Од здобиените повреди Јосифовски починал на самото место.

Од СВР Битола го потврдија идентитетот на загинатиот музичар, а неговата смрт ја констатира лекар од Итната медицинска помош. На местото на несреќата излезе увидна екипа на СВР Битола, како и лекар на Итната медицинска помош, кои ја констатираа смртта на музичарот.

По барање на јавниит обвинител телото на загинатиот музичар е предадено на обдукција. Горан Јосифовски беше поранешен член на групата „Екстра бенд“. Тој беше сопруг и татко на две малолетни деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*