Don't Miss
Home / Култура / Музичко уживање на традиционалниот “Солстис“

Музичко уживање на традиционалниот “Солстис“

Светскиот ден на музиката и 21 јуни кој воедно го означува првиот ден на летото, во Битола се одбележа со традиционалната манифестација „Солстис- празник на музиката”.

Организатори на културниот настан во Битола, кој се одвиваше на седум локации на најамбиенталниот Широк Сокак, се Француска Алијанса-Битола и невладината организација “Центар за културна деконтаминација“ од Битола.
На настанот учествуваа групи, ди-џеи, мандолински оркестар, а посетителите имаа можност да слушнат класична и друга музика.
Битола која е препознатлива и како франкофонски град, фестивалот „Солстис-празник на музиката” го организира од 2002 година, а овој пат се одржа под мотото „Да уживаме заедно во музиката”.
Настанот е составен дел на светската традиција која почна пред 33 години, а кон која се вклучени 700 градови од 120 држави каде токму на 21 јуни ги слават светскиот ден на музиката и доаѓањето на летото.
Фестивалот „Солстис-празник на музиката” е предвесник на годинашното јубилејно 10 по ред битолско културно лето „БитФест 2015” чија програма наскоро ќе биде објавена.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*