Don't Miss
Home / Uncategorized / На 1 јули во авто-кампот Крани:Големо отворање со бендот “Куку леле“

На 1 јули во авто-кампот Крани:Големо отворање со бендот “Куку леле“

 

В петок на 1 јули ќе се случи големото отворање на авто-кампот Крани, а гостите ќе ги забавува бендот “Куку леле“.

IMG_20160623_083529

Покрај реновираниот дел од летната бавча на гостите на располагање ќе им биде и ресторанот, летниот шанк на плажата, голем број на лежалки и комплетно  уредена плажа со нова урбана опрема.

-Секоја година се трудиме да внесеме нови содржини со кои на гостите и на камперите ќе им го направиме престојот поубав и позабевен. И оваа година го преуредивме целиот камп, а на сите кои имаат поставено камп-приколки им ги подобривме условите за престој. Што се однесува пак до плажата таа е дополнително уредена. Поставени се голем број на лежалки, донесен е песок, сега имаме песочни терени за одбојка, доуредено е детското катче, каде нашите најмали посетители ќе поминуваат дел од времето на плажа- вели сопственикот на “Капри“, Николче Трпеновски, кој стопанисува со авто-кампот.

Оваа година посебно е за пофалба како се одржува хигиената во кампот, што е на задоволство на сите кампери, кои од година во година, откако стопанисува со авто-кампот, компанијата “Капри“ се во поголем број.

За време на нашата посета на кампот тука можеа на автомобилите да се забележат регистарски таблички од сите градови на Македонија.

А, тоа значи само едно, авто – кампот “Крани“ полека го враќа стариот сјај, по кој сите го препознаваа, а на радост на сите тука повторно се младите луѓе.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*