Home / Uncategorized / На Чавков и пратениците им се закануваат 10 годишни затворски казни

На Чавков и пратениците им се закануваат 10 годишни затворски казни

Најмалку 10 години затвор им се заканува на обвинетите за 27 апарил, меѓу кои е и поранешниот министер Митко Чавков, како и петмината пратеници Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски. Денеска од Обвинителството соопштија дека 28 обвинети за „крвавиот четврток“ во Собранието се гонат за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а двајца се гонат за „Помагање“ при вршење на истото кривично дело.

– Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години, стои во членот 313 од Кривичниот законик.

На поблага казна единствено можат да се надеваат двајцата обвинети за помагање.

Сега обвинителниот акт се наоѓа во Кривичниот суд, каде што ќе се оценува, а доколку биде оддобрен, набрзо ќе биде закажано и судско рочиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*