Home / Свет / На интимна церемонија се венчаа Анџелина Џоли и Бред Пит

На интимна церемонија се венчаа Анџелина Џоли и Бред Пит

И официјално, најпопуларниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит се венча изминатиот викенд во Франција.
Церемонијата се одржа во најголема тајност во саботата, а сето тоа го потврди официјалниот портпарол на популарниот пар за Агенцијата “Асошијетед прес“.
Златниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит се заедно девет години и имаат три биолошки и три посвоени деца.
Претставниците за медиумите на овој популарен пар, убавата вест ја споделија со медиумите на “твитер“ , а веста го обиколи целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*