Home / Вести / Над 50 отсто од пензионерите добија дрва за греење

Над 50 отсто од пензионерите добија дрва за греење

                       

Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Даница Петличкова на својата денешна седница расправаше за повеќе актуелни прашања од животот и работата на пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила. Притоа беше информано дека 50 проценти од огревните дрва што ги запишаа пензионерите досега се доставени, а на преостанатите ќе им бидат доставени редовно во тековниот период.

На седницата беа поднесени и информации дека Здружението на пензионери успешно остварува соработка со здруженија од Врање, Србија и со неколку од нашата земја. Се зазеде став и во иднина таквата соработка да продолжи зашто преку неа се разменуваат искуства за заедничко поуспешно делување.

Членовите на ИО донесоа одлука да се поддржи творештвото на пензионерите што творат на литературен и музички план, а како пример за тоа беше издвоен настапот на пејачката група „Сирма војвода“ која со своите изведби пред извесно време се претстави на годинешниот фестивал „Илинденски денови“ и на „Локум фест“.

 Беше нагласено дека успешното претстваување на битолските пензионери на спортските игри што ги организира Сојузот нз здруженијата на пензионери на Македонија да продолжи и понатаму.

На Републичките спортски натпревари на пензионерите Мојсо Велевски од Битола по петти пат освои златен медал во атлетската дисциплина трчање во категорија мажи над 60 години, а бронзена во дисциплината пикадо освои Сашо Митревски, Зоран  Јакимовски  и  Гоце  Талевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*