Home / Uncategorized / Над 8 милиони денари за киното “Манаки “

Над 8 милиони денари за киното “Манаки “

Општина Битола од Министерството за култура доби 8.637.697 денари, наменети за ентериерно уредување на објектот „Кино Манаки“ – Битола. Средствата ќе бидат искористени за внатрешно уредување на киното.

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година.

По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на „Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата“ за оваа година.

Заеднички став на министерот за култура и на градоначалниците е дека реализацијата на проектите во сите шест единици на локалната самоуправа во голема мера ќе влијае врз развојот и унапредувањето на културното живеење во овие општини поединечно, но истовремено ќе биде и нов импулс во унапредувањето на културната понуда на територијата на нашата држава воопшто. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*