Home / Македонија / Најавениот штрајк нелигитимен, училиштата в понеделник со редовна настава

Најавениот штрајк нелигитимен, училиштата в понеделник со редовна настава

Најавениот штрајк на челниците на СОНК е нелегитимен и како таков во Општина Битола не се прифаќа што значи дека од понеделник ќе се изведува редовна настава како и досега, порачаа денеска директорите на основните и средните училишта од Битола.
– Ги известуваме родителите да ги пуштат децата на училиште кои соодветно ќе бидат згрижени. Ние не смееме да ги затвориме вратите бидејќи и со конвенцијата на УНИЦЕФ и со уставот на Република Македонија образованието е загарантирано право на децата. Како што знаете и основното и средно образование е задолжително, а ние тоа мораме да го обезбедиме, што значи дека настава ќе има, изјави Љупчо Стефановски од активот на директори на училиштата во Битола.

skolo 2

Според нив, мал е бројот на наставниците кои мислат дека не би требало да има настава и дека треба да се поддржи идејата на СОНК, но за сите оние просветни работници кои нема да спроведуваат настава ќе биде најдена замена.

-До вчерашниот ден, до секторот за образование на Општина Битола од сите основни и средни училишта немаше барања за замена на наставници кои би отсуствувале во понеделник како што е најавено за штрајкот. Доколку има таква најава, училиштата се должни тоа да го пријават бидејќи тоа е редовна работа. По одреден основ ние даваме согласност до три месеци за вработување на наставен кадар од стручни соработници или административен персонал. До нашиот сектор нема никакво барање за штрајк, поради тоа им порачувам на сите родители дека во училиштата во Битола ќе има редовна настава, изјави Снежана Петровска од секторот за образование на Општина Битола.

Б.В.

Leave a Reply to Anonymous Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*