Home / Uncategorized / Најдоцна до јули датум за преговори

Најдоцна до јули датум за преговори

Земјите-членки на Европската унија сакаат Македонија да добие датум за почеток на преговори најдоцна во јули годинава, дознава МИА од високи дипломатски извори во Брисел.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, бугарското претседателство би сакало датумот да биде доделен во јуни додека се уште е Бугарија претседавач со ЕУ, но доколку тоа не биде возможно најголемиот дел од земјите-членки на ЕУ сакаат датумот да биде доделен најдоцна во јули, под австриско претседателство, „дури и да не е целосно решен спорот за името, но ако е на пат да биде решен“, велат изворите на МИА во Брисел.

Кај земјите-членки преовладувала „многу позитивна“ атмосфера кон Македонија и реформскиот напредок во државата. – Толку е позитивна атмосферата што би било тешко за Грција да блокира одредување датум за преговори и доколу Грција блокира тоа ќе биде лошо за неа, велат дипломатски извори од важна земја-членка на ЕУ за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*