Home / Uncategorized / Наместо в затвор,со возилото сакал да го разнесе судот

Наместо в затвор,со возилото сакал да го разнесе судот

Во врска со инцидентот кој се случи рано изутрината во Битола, кога возач на автомобил , марка “ауди 4“  удрил во еден од столбовите во Судот при што се запалил и откако се стекнал со изгореници бил пренесен во Клиничката болница во Битола со информација се јавија од СВРБитола.

Во соопштението на битолската полиција меѓу другото се вели.

-На ден 20.06.2016 од страна на судската полиција на Основниот суд-Битола околу 04.00ч. во СВР-Битола  беше пријавено дека пред скалите кои водат до главниот влез на зградата каде е лоциран судот, со голема брзина од правец спротивен на режимот на возење на таа улица влетало ПМВ “ауди-4“  со БТ регистарски таблици управувано од Н.М(67).

Лицето со  намера завртел на левата страна и преку високите ,,ивичњаци,, на улицата се удрил со возилото во еден од столбовите и во жардењерите кои се поставени пред главниот влез на објектот каде е лоциран Основниот суд-Битола.

Во таа прилика од силниот удар но и поради предходно самозапалување на сторителот избил пожар во внатрешниот дел на возилото во кое се наоѓале 2 пластични туби со НН запалива течност, 2 мали боци со плин, како и една голема (25л.) боца со плин поставена во багажниот простор која била со одвртен вентил .

Предниот дел на возилото е целосно оштетен , посебно од неговата лева страна, целосно се оштетени предните бандажи и гуми, како и делови од моторот.

Од пожарот и високата температура оштетена -опожарена е целата внатрешност на возилото како и предното ветробранско стакло.

Лицето е хоспитализирано во  одделот за интензивна нега во Хирургија и трауматологија со тешки изгореници од 3 степен на двете раце ( едната до лактот, другата до висина на рамото, како и знаци на јагленисаност на главата-лицето) кое за натамошни медицински третман ќе биде транспортирано во Клинички центар-Скопје.

Лицето на денешен ден требаше да се јави во Затвор за издржување казна затвор во висина од 10 год. и 6 месеци за сторено кривично дело ,,полов напад врз малолетниккој не наполнил 14 год.

Во текот на денешниот ден СВР Битола  против Н.М(67) ќе поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, се вели во соопштението на битолската полиција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*