Don't Miss
Home / Uncategorized / Нападнат средновечен битолчанец и неговата мајка

Нападнат средновечен битолчанец и неговата мајка

Засега двајца непознати крадци и разбојници доцна синоќа, околу 21.45 часот на ул. “ Новачки пат “ на местото викано “ француски гробишта “, насила влегле во куќата на битолчанецот Ј.К.(59) и притоа со принуда на сила и употреба на остер предмет извршиле разбојништво во неговата куќа, одземајќи му 450 евра.
Непознатите маскирани лица за кои полицијата сеуште трага откако со употреба на остер предмет ја провалиле вратата, влегле внатре во куќата, сметајќи дека нема никој, за да ја извршат кражбата. Притоа тие наишле на Ј.К. кого си употреба на физичка сила го совладале притоа нанесувајќи му потешка телесна повреда во пределот на раката, а кога на нивното насилство се спротиставила неговата мајка П.К(81) и таа била нападната, но за среќа поминала со полесни повреди.
Полицијата трага по разбојниците и извршителите на кражбата.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*