Home / Вести / Напната атмосфера пред отворањето на културниот центар во Битола

Напната атмосфера пред отворањето на културниот центар во Битола

            Пред утрешното отворање на Културниот центар “ Иван Михајлов “ во Битола владее напната атмосфера.. Многу од граганите се револтирани што ќе се отвора таков центар во  центарот на Битола.

            Од Културниот центар “Иван Михајлов” и официјално  потврдија со покана што ја испратија до медиумите, дека во сабота на 16 април во 14 часот ќе се отвора клубот на ова здружение во центарот на Битола  на улицата “Рузвелтова”.

Во поканата се најавува присуството на премиерот на Бугарија  Кирил Петков, заменик претседателот    Илијана Јотова, министерот за надворешни работи  Теодора Генчовска, пораншниот министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, претставници на народното собрание на Р. Бугарија, лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов и како што наведуваат од КЦ “Иван Михајлов”,  други високи гости  од  општествено политичката сцена на Република Бугарија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*