Home / Uncategorized / Не е априлска шега.Од април идната година уште 10 отсто повисока плата за учителите

Не е априлска шега.Од април идната година уште 10 отсто повисока плата за учителите

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за образование Арбер Адеми на денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, дадоа предлог до СОНК платите на наставниците и професорите во основното, средното и високото образование да се зголемат за 10 отсто од април следната година.

Неделков објасни дека за ова треба да одлучи Синдикакот за образование, наука и култура (СОНК) и нивниот одговор ќе се знае до крајот на неделава.

Според министерот Адеми, новите 10 отсто од април ќе бидат дополнителни на двете претходни зголемувања од по 5 отсто. Министерот оцени дека средбата била конструктивна и рече дека ова е историско покачување на платите во образовната дејност. Тој најави дека предлогот утре ќе биде разгледан и на седница на Владата.

Барањето на СОНК од почетокот на учебната година беше зголемување на платите на наставниците за 25 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*