Home / Вести / Не прифаќаме нова политичка историја

Не прифаќаме нова политичка историја

                               

          -Со потпишувањето на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија извршено е велепредавство на државата и државните интереси. Предавството не е демократија, туку е кривично дело за кое некои еден ден ќе одговарат.

          Отфрламе нова политичка историја за Македонците и Македонија, која ја кројат комиси на владите во Скопје, Софија и Атина. Бараме итно нивно распуштање и  безусловно раскинивање на договорите со Атина и Софија.

          Без Македонците и Македонија нема траен  мир на Балканот и Европа.

Со овие зборови им се обрати претседатеот на Светскиот македонски конгрес  Тодор Петров на присутните, во дворот на црквата “Св.Пресвета Богородица“  во  потпелистерското село Трново, кои овој пат ги имаше во рекордно мал број.

          Тодор Петров од Трново побара семакедонско помирување  и обединување заради одбрана на името на државата и идентитетот на македонскиот народ.

          -И покрај сите разлики кои ги имаме меѓу нас Македонците само Македонија е нашиот единствен и заеднички содржател. Со неа не има, без неа сите заедно ќе не снема, рече Петров.

          Упатувајќи честитки  за големиот празик Илинден, претседателот на Матицата на иселениците Иван Џо Петровски  во своето обраќање  истакна дека Македонија е вековен аманет од историјата за македонската нација и татковина.

          -Никогаш нема да дозволиме да не парчосуваат, негираат, ништат и присвојуваат. Ние сме историски и библиски народ.Илинден 1903  е дело на македонските родољуби и патриоти, рече Петровски,  кој од Трново  повика на помирување на сите соседни народи и потпишување на траен мир и добрососедство со сите соседни држави.

 Во името на организаторите на  Семакедонската средба се обрати претседателот на Здружението  на децата бегалци од Егејска Македонија, Александар Јаневски.

-Остануваме обединети и посветени за трајно решение за македонското прашање и за враќање на државјансвата на граѓанските,  имотните и наследените права на на сила прогонетите Македонци  од Егејсјкиот дел на Македонија, рече Јаневски.

          Инаку годинашната Семакедонска средба се одржа по сите здравствени протоколи и пред рекордно мал број присутните.

Никогаш, откако во Трново се одржуваат Семакедонските средби немало толку малку присутни. Покрај забележителното отсуство на иселениците од странство, кои ова лето не се дојдени во Битола забележливо беше отсуството на големиот број битолчани како и гости од соседните држави и градови.

          Тоа што особено ги погоди организаторите  е што на средбата немаше ниту еден присутен од државните и локалните власти, а и што Општината Битола во последен момент го откажа покровителството на Средбите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*