Home / Вести / Негативни тестовите од корона вирусот за докторот Христијан Трпчевски и неговото семејство

Негативни тестовите од корона вирусот за докторот Христијан Трпчевски и неговото семејство

                  

          Доцна вечерва гинекологот на приватната болница “Плодност“  од Битола Христијан Трпчевски и неговото семејство ги доби резултатите од тестовите за тоа дали  биле инфицирани од корона вирусот.

          Тие се на негова радост и на радост на сите негативни.

          Во соопштението  од  д-р Таше Трпчевски, сопстевник на болиацата “Плодност“ се вели.

Почитувани пациенти, сограѓани и пријатели, 

Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот резултат на д-р Христијан Трпчевски, без двоумење, за доброто на сите нас и на нашите пациенти, одлучивме сите да заминеме во домашна самоизолација и да ни бидат земени брисеви за испитување.

       Во домот живееме како петточлено семејство, јас со мојата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе. Сите петмина, вклучувајќи го и бебето, бевме тестирани од корона вирусот. На д-р Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беше трето тестирање. 

За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа доцна вечерва, а беа земени во саботата, се НЕГАТИВНИ и сите сме во добро здравје.

       Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен.

 Дали д-р Христијан Трпчевски имаше, или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба. 

      Во ова априлика ја споделуваме оваа радост со вас, но и покрај негативните резултати, нашето семејство ќе остане во самоизолација. Секако и болницата „Плодност“ ќе биде дополнително третирана со дезинфициенти и отворена на 13 април. 

       Им се заблагодаруцаме на сите кои не поддржаа во овите тешки моменти. Исто така, им се заблагодаруваме на епидемиолошкиот и инффектолошкиот дим на лекари од Битола, на чело со д-р Тони Коњановски, кои се грижеа максимално и ни даваа поддрша и совети по неколку пати дневно. 

      Останете во добро здравје, седете дома и имајте позитивна мисла. , вели во изјвата до јавноста  прим. д-р Таше Трпчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*