Home / Македонија / Нема обдукција, ќе се чекаат резултатите од лабараторијата во Германија

Нема обдукција, ќе се чекаат резултатите од лабараторијата во Германија

Обдукција на телото на починатиот британски државјанин нема да се прави се додека не стигнат резултатите од мострите од крв и ткиво, кои веќе се испратени во референтна лабораторија во Германија. Според последните информации, анализите од Германија треба да стигнат утре попладне.
Такви биле советите од светската здравствена организација со оглед на ризикот од присуство на опасниот вирус на ебола кај починатиот пациент. Доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство предмалку на прес- конференција соопшти дека Светската здравствена организација сугерира телото на починатиот да остане во изолација. Тоа во моментов се чува во посебна просторија во мртовечница на Инститотот за патологија во Скопје. Здравствените власти велат дека мора да се придржуваат до препораките се додека не добијат официјални податоци од референтната лабораторија во Германија.
Добра вест е што ниту еден од гостите или пак персоналот во хотелот во центарот на Скопје каде престојувал Британецот за кој постоеше сомнение дека починал од ебола, засега не покажуваат симптоми на каква било болест. Хотелот сепак останува под изолација се додека не бидат целосно извршени потребните анализи.
Во меѓувреме беше објавен и идентитетот на починатиот Британец.

Се работи за Колин Џефри поранешен директор во фабриката Џонсон Мети кој беше и претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*