Home / Uncategorized / Незапамтен интерес за Манифестацијата на Битолски весник “Избираме најуспешни битолчани“

Незапамтен интерес за Манифестацијата на Битолски весник “Избираме најуспешни битолчани“

Интересот за годинашната, 16. по ред традицонална манифестација на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани за 2014 “ ги надмина сите очекувања.

Во Редакцијата на Битолски весник, на е- маил адресата bitolskivesnik@yahoo.com, како и на порталот на Весникот постојано пристигнуваат огромен број предлози на кадидати за добивање на едно од престижните признанија.

Досега во редакцијата на Битолски весник се пристигнати над 30 предлози на кандидати од речиси сите области.

Ги има од сите категории, но најголем број од предлозите се во областа на спортот, културата, здруженијата на граѓани, невладините организации.

830387_499426110092751_926142516_o

дел од атмосферата на Битолскиот оскар

 

Ваквиот огромен интерес е само уште една потврда дека како и во сите изминати 15 години, така и оваа година битолскиот Оскар, како што битолчани ја викаат оваа манифестација ќе помине во незаборавна атмосфера.
Битолски весник веќе подолго време работи на подготовка на Манифестацијата, која како и минатата година ќе се одржи во луксузниот ресторан “ Вавилон”, кој собира околу 900 гости.
Во завршна фаза се преговорите околу групите и естрадните ѕвезди, кои ќе ги забавуваат гостите на Манифестацијата.
Наскоро во продажба ќе бидат пуштени и влезниците.
Свеченото врачување на признанијата ќе биде последниот петок во месецот, 27 февруари, кој е традиционален датум веќе 15 години, со почеток во 20 часот.
Да потсетиме минатата година на свечената вечера присуствуваа 900 гости, а беа доделени над 30 признанија.
Инаку читателите на Битолски весник можат да гласаат преку гласачките купони на Весникот, е-маил адресата и порталот на Битолски весник.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*