Don't Miss
Home / Вести / Нов асфалт за улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“

Нов асфалт за улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“

                       

По речиси 40 години  живот со неупотреблива водоводна и канализациона мрежа улиците “Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип во Битола,  целосно се  реконструирани, а денеска на двете улици почна поставувањето на  асафлт на коловозот.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и дел од екипите задолжени за реализација на проектот на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ денеска извршија увид во асфалтирањето и се сретнаа со локалното население, кое изрази задоволство за брзата санација на улиците и можноста да не се соочуваат повеќе до децениските проблеми, за кои велат дека сега ги оставаат зад себе.

 Инаку проектот за реконструкција на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ опфати поставување на мешовита канализација, по што следуваше изведба на водоводната мрежа. Целосната реконструкција на овие  улици е во вредност од над 3,2 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*