Home / Вести / Нов голем успех на лекарскиот тим на болницата Плодност

Нов голем успех на лекарскиот тим на болницата Плодност

       

        Лекарите на приватната болница за гинекологија  и акушерство, Плодност од Битола постигнаа нов голем успех.

        Тимот лекари, предводен од лекарот  специјалист Кристијан Трпчевски, за прв пат во Македонија ставија  лапароскопски абдоминален серклаж на бремена жена во 12 недела!

        Тоа е  прва ваква операција направена во Македонија,  велат од болницата Плодност Битола.

-Ова е само уште еден новитет во полето на лапароскопската хирургија изведен за прв пат од страна на нашиот тим. За разлика од абдоминалниот лапароскопски серклаж кај небремени жени, овој серклаж е ризичен и комплициран за изведување, бидејќи матката на бремената жената е многу поголема и повеќе васкуларизирана, што може да доведе и до поголемо крварење.

 Продолжуваме и натаму да ги применуваме во државата најновите лапароскопски методи од светот, вели спец. д-р Христијан Трпчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*