.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Нова атмосферска канализација за Горно и Долно Агларци

Нова атмосферска канализација за Горно и Долно Агларци


Завршена е изградбата на атмосферската канализација за селата Долно и Горно Агларци во должина од 600 метри, преку програмата за фосилни горива од Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Денес направив увид во изградената атмосферска канализација во должина од 255 метри за Горно Агларци и 305 метри за Долно Агларци.  Ваквите проекти се од особена важност за жителите на нашата општина како превенција и заштита од поплави, имајќи поредвид дека нашата општина и воопшто Пелагонија се подрачја кои се често склони на вакви  несакани природни непогоди,  рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Вредноста на овие проекти изнесува 771.359,00 денари за Горно додека 926 506,00 денари за Долно Агларци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*