Home / Вести / Нови 8 години затвор за Сашо Мијалков

Нови 8 години затвор за Сашо Мијалков

Поранешниот шеф на Управата за државна безбедност (УБК), Сашо Мијалков, е осуден на затворска казна од осум години во случајот „Трезор”. Началниците Тони Јакимовски и Небојша Сајковиќ добија по пет години, а Горан Грујевски, кој е во бегство, доби 15 години затвор, откако судот ги прогласи за виновни за обвиненијата за злоупотреба на службена положба и помагање.

Случајот „Трезор” се однесува на злоупотреба на средства од државниот буџет за набавка на шпионски софтвер за потребите на УБК од фирма од Велика Британија.

Во пресудата беше наведено дека, според изведените докази, се утврдило оти обвинетите имале средба во Велика Британија каде договориле набавка на софтверот за потребите на УБК, иако не бил објавен оглас за таа набавка.

Според пресудата, ќе се конфискуваат и 838.106 денари и 145.619 евра, од сметки на фирмата „Финзи“ како и автомобил „ауди А4“ вреден 2.026.285 денари. Згора, обвинетите треба и да ја надоместат штетата од 21.158.296 денари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*