Home / Градска хроника / Нови донации на Ротаракт Широк Сокак

Нови донации на Ротаракт Широк Сокак

Уште една успешно реализирана донација во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола Оддел Гинекологија 

Овој пат донирани се три прочистувачи за воздух и два апарати – средства за дезинфекција односно безконтактни механички диспензери Во период каде што сме на крајот со битката против Ковид-19 нашиот клуб повторно не ги заборава хероите во истата,овој пат со различна донација од претходно Донацијата е во вредност од 40.000 денари, финансирани од членови од клубот а набавени од SenGroup.mk & Синпекс

Како координаторка на проектов, инспирирана од квалитетниот кадар од јавното здравство со кој имавме успешна соработка како и водени од приоитетите, јавното здравје и чистиот воздух, чест е што придонесуваме за поквалитетен престој и заштита на пациентите, докторите и најмладите битолчани во здравствените установи во нашиот град. – Ангелина Стојаноска
Наша задача како општествено одговорен клуб е да се грижиме за подобро утре, така оваа донација нема да биде последна во здравствените институции во Општина Битола- Дејан Петровски Претседател 2020/2021 год

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*