Home / Вести / Ново осветлување на ул. “Димитар Илиевски – Мурато”

Ново осветлување на ул. “Димитар Илиевски – Мурато”

Ново осветлување на ул. Димитар Илиевски – Мурато “

По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“, кои светнаа на крајот на минатата недела, поставени се  и новите канделабри на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.

            Поставувањето на новите канделабри и замената на старите дотраени столбови, продолжува и на другите улици кои се во фаза на реконструкција.

            Со реализацијата на инфраструктурните проекти кои го решаваат и проблемот со уличното осветлување, се врши поставување на подземен довод за новите канделабри, што е од големо значење во поглед на безбедносниот и визуелниот аспект, при што висечките кабли стануваат минато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*