Don't Miss
Home / Вести / Обвинети за криминал водат јавни набавки во општината Битола

Обвинети за криминал водат јавни набавки во општината Битола

Во општината Битола иако најавија отворена битка против сите оние кои се обвинети или осомничени за злоупотреба на службената положба и криминал ,сепак како што стојат работите од тоа нема ништо.

Имено во Општината Битола и натаму без влакно да им фали работаат и ги водат јавните набавки, вработени кои се осомничени за злоупотреба на службената положба и криминал.

Иронијата да биде поголема осомничените лица сеуште се на раководни функции.

Чудно е како за исто такво дело, под итно од работното место беше суспенидран и остранет од работа Слободан Бончановски за на неговоместо да седне сегашниот секретар Слободан Најдовски, а за тоа време лица осомничени за ист таков предмет “ Транспортер 2“, со амин на актуелното раководство сеуште ги водат јавните набавки во Општината.

За тоа кои се причините за таквите двојни стандарди засега е нејасно.

Нејасно останува и зошто на осомничени лица им е оставено да ги водат јавните набавки и тендерите кои ги распишува Општината.

Во оваа прилика ја пренесуваме кривичната пријава за лицата кои се осомничени во случајот “ Транспортер 2“ а тие и натаму ги водат јавните набавки.

Многумина се прашуваат на што се должи ваквата политика осомничени за криминал да бидат ангажирани за јавни набавки исо што тие го задолжиле актуелното раководство за ваквата лојалност.

Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по Наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска со предметот  со кодно име „Транспортер 2“ (кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година), до ОЈО Битола поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – “несовесно работење во службата“ (предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ) и “злоупотреба на службена положба и овластување“ (предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ).

С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. В.Т., Градоначалник на Општина Битола, донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица –превозници од Битола.Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*