Home / Вести / Од јуни можат да се организираат свадби и прослави

Од јуни можат да се организираат свадби и прослави

Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, потврди министерот за здравство, Венко Филипче. Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворшениот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Предлозите ќе се дискутираат во рамки на Комисијата за заразни болести, посочи Филипче.

„Многу е веројатно да се случи ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, се уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продлжат исто и понатаму“

изјави Филипче.

Министерот Филипче најави и дека идната недела се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за вакцините, со кој ќе може да се патува низ европските држави. Во комуникација се како што рече се уште со српските колеги, од каде што се чекаат податоци за граѓаните кои примиле вакцина таму, за да може ревакцината да ја добијат во Македонија, ако не станува збор за „Астра зенека“ која кај нас не се дава на лица под 60 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*