Home / Свет / Од денес нови мерки во САД за патување во Куба

Од денес нови мерки во САД за патување во Куба

Стејт департментот објави листа на хотели и други бизниси, за кои се вели дека се поврзани со кубанската армија

Администрацијата претседателот Трамп најави дека ќе имплементира промени „за контролирање на економските активности“ надвор од безбедносната инфраструктура на Куба, и ќе воведе ограничувања за водење бизнис, но и патувања за Американците.

Американските државјаните кои ќе сакаат да ја посетат Куба, ќе мора тоа да го сторат преку организирани тури, зад кои стојат американски компании.

Претседателот Трамп ги најави промените во политиката спрема Куба на 16-ти јуни. Одделот за финансии во случајов ќе направи отстапки за патувањата планирани пред овој датум.

Стејт департментот објави листа на хотели и други бизниси, за кои се вели дека се поврзани со кубанската армија.

Американците имаат забрана за деловни врски со нив.

Новите мерки стапуваат на сила од денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*