Don't Miss
Home / Вести / Одделението за физикална терапија станува ковид-одделение

Одделението за физикална терапија станува ковид-одделение

Во Клиничката билница во Битола поради зголемениот број на позитивни од ковид-19 постојано се бараат начини за зголемување на болничките капацитети.

Со оглед на тоа што на Инфективното одделение постојано се зголемува бројот на хоспитализираните лица, позитивни на ковид-19, во болницата се прават планови за зголемување на бројот на леглата.

Така во Клиничката болница се прават сите подготовки во ковид одделение да се трансформира Одделението за физикална медицина. Според информациите од болницата,ова одделение е одделено од главната зграда и токму затоа е одбрано да се преуреди во ковид-одделение, наместо Интреното како што најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Инаку бројот на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение во Битола, кое распоага со 78 болнички кревети во моментот изнесува 67 пациенти, од Битола и Регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*